3 причини зошто Вашиот бизнис треба да се приклучи на Challenger заедницата - Challenger

3 причини зошто Вашиот бизнис треба да се приклучи на Challenger заедницата

Бизниси

3 причини зошто Вашиот бизнис треба да се приклучи на Challenger заедницата

Светските економии излезот од кризата и желбата за економски раст го гледаат токму во стимулирањето на “зелените“ бизниси и поттикнување на постоечките бизниси да применуваат “зелени“ практики. Овој тренд доаѓа и кај нас, а тука е Challenger да ви помогне. Доколку сте подготвени за нов вид на маркетинг канал, тука се 3-те причини зошто треба да се приклучите на Challenger заедницата

 

1. Нов маркетинг канал каде што корисниците се натпреваруваат за Вашите награди и попусти 

Во тест фаза со 100 корисници, успеавме да привлечеме 10 локални бизниси кои се приклучија на нашата мисија. За само еден месец со 100 корисници, се покажа дека луѓето сакаат да поминат километар плус за попуст или награда, и токму ова им дава мотив да пробаат и нови производи и услуги. Ако ова успеавме да го направиме со 100 луѓе за еден месец, замислете што можеме да направиме сите заедно во рок на една година :) Затоа сте ни потребни Вие!

2. Бидете помеѓу првите зелени бизниси 

Сигурно сте се обиделе да внесете „зелени“ компоненти во Вашиот бизнис (производ или услуга), или едноставно Вашата мисија е да бидете помеѓу првите зелени бизниси во државата. Во морето на медиуми и новости токму таа препознатливост не може да се истакне, приклучете се на Challenger заедницата, и дозволете им на вашите корисници да добијат една поинаква перцепција за Вашиот бренд. 

3.Уникатен начин за пренесување на Вашата порака

Со Challenger мобилната апликација може да допрете до вашите купувачи на еден поинаков начин. Пренесете ја пораката дека и вие го поддржувате овој зелен тренд, и овозможете им на купувачите да се поврзат со Вашиот бренд преку игра!

 

Доколку сакате да бидете дел од Challenger заедницата, контактирајте не' на info@challenger.mk и ајде заедно да донесеме промени во нашиот град.