3 Причини зошто да пешачите денес - Challenger

3 Причини зошто да пешачите денес

Си доаѓаш дома и се чувствуваш без енергија и мислиш дека со спиење ќе се ослободиш од чуството, но ние имаме еден предлог за тебе.

3 Причини зошто да пешачите денес

Си доаѓаш дома и се чувствуваш без енергија и мислиш дека со спиење ќе се ослободиш од чувството, но ние имаме еден предлог за тебе. Утре наместо со автомобил оди пешки на работа, а ако не ни веруваш искочи во маало и испешачи 40тина минути денес па почуствувај ги резултатите. Еве кои се првите видливи придобивки:

  • Пешачењето го намалува стресот, те смирува и ја зголемува самодовербата. Телото лачи ендорфини при пешачење,а со самото тоа  твоето тело се опушта и го намалува стресот. Со пешачење сме еден чекор поблиску до среќата :)
  • Пешачењето помага при губење или пак одржување на телесната тежина . Сите ние го потценуваме одењето како вежба за кондиција, но да знаете дека брзото пешачење е една од најдобрите вежби за губење на тежината. Пешачењето е бесплатна активност и може да ја практикувате секој ден. Уште подобро, за пешачењето Challenger ви носи токени за да пиете кафе во некој од твоите омилени кафичи. Ова звучи забавно, ем имаш кондиција, ем ја штитиш природата од отровни издувни гасови и на крај добиваш попуст за ова. 
  • Зголеми ја креативноста: Докажано е дека креативноста на човекот се зголемува за време на пешачење и кратко по завршувањето со пешачењето. Моментот кога го ослободувате мозокот од мисловниот процес, токму тогаш добивате генијални креативни решенија

Ова се супер придобивки затоа најјдете минимум 30 минути во денот. Токму затоа, пешачењето треба да ви стане дел од секојдневната рутина, независно дали ќе биде како замена за користење превозно средство или ќе одвоите посебно време во денот за пешачење.

Ослободи се од мислите, вклучи си ја омилената музика и почни со прошетката која ќе ја зголеми креативноста и ќе те ослободи од стресот. Јас тргнувам да се прошетам сега, а ти?