СуперХероина #6

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

Претстави ни се во една реченица

Јас сум Јована Тозија – шампион во кинење хулахопки.

Како изгледа твоето секојдневие?

smiley

Секојдневието ми е многу поразлично од пред година дена. Во шест нула нула ме будат 9 кила месо, и денот почнува и не застанува 

Која е твојата животна мисија?

Да оставам траг во општеството, да израснам и воспитам здрави и успешни деца и да прекинам да јадам чипс.

Кое е твоето примарно превозно средство?

Во моментов бидејќи сум со мало бебе, примарно превозно средство ми е автомобилот. Се трудам да се движам и со автобус, меѓутоа кај нас се уште јавниот превоз не е на тоа ниво да можеш сам со количка да се движиш насекаде, па тоа не е така лесно. До пред година дена бев на точак 24/7.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

Пешки поминувам многу. Со бебето ми се врати љубовта кон пешачењето. На точак во моментов не поминувам за жал воопшто време, но како што кажав, до пред година дена бев 24/7 на точак. Со нетрпение чекам кога ќе можам малку да се подослободам и повторно да педлам.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

Метежот. Сообраќајот во Скопје е ужас, јавниот превоз уште поужас. Возењето точак е единствената опција со која се избегнува тој стрес. Тоа што точакот не држи цело време раздвижени и што возењето со него е бесплатно се само бонус поени. Кога затруднев ми забранија да возам велосипед и морав на работа да одам со автомобил. 9 месеци не можев и не можев да разберам како луѓе кои што имаат алтернатива и друга опција сепак го одбираат автомобилот за да одат на работа.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

Секако. Две или повеќе глави размислуваат подобро од една. Како што реков, сакам да оставам траг во општеството, и верувам дека искрен активизам кога ќе се собере доволно критична маса води кон позитивни општествени промени.

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

Секако!