Серијал за нашите СуперЕкоХерои
Претстави ни се во една реченица.
Јас сум Мартин Стоименов, дигитален маркетер во Солвео, авантурист со претприемачки дух и секогаш отворен за иновативни идеи.
Како изгледа твоето секојдневие?
Мини утринска рутина, пешачење до работа, прво кафе и старт со дневни обврски. После работа најчесто одвојувам 2 саати за дружење некаде надвор, останатиот дел го пополнувам со читање, музика или добра серија.
Која е твојата животна мисија?
Креирање иновативни продукти и развивање на успешни стартапи, кои покрај финансиска слобода ќе носат огромни бенефити за општеството во кое живееме.
Кое е твоето примарно превозно средство?
Моите долги нозе. Шега :). Најчесто пешачам, по потреба за подолги релации користам автомобил.
Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?
Би рекол, некаде околу 25-30 km пеш и 10 km на велосипед.
Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?
Прво, мојата работа која вклучува целодневно седење. Потоа, потребата за исфрлање вишок енергија и генерирање нови идеи. Last but not least, не сакам да сум заглавен во сoобраќај и не сакам да БИДАМ причинител на истиот.
Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена?
Секако, луѓето кои имаат идеи за промени во општеството и ПРЕВЗЕМААТ нешто за да ги донесат идеите во пракса, се оние на кои треба да се темели една заедница. Секојдневно поминувам време со такви луѓе, а би сакал да запознаам уште повеќе.
Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?
Со задоволсто. Се почнува со еден човек, една идеја, еден чекор.