Серијал за нашите СуперЕкоХерои
Претстави ни се во една реченица
– Јас сум Фросина, работам како Тим Лидер во Grouper.mk, сакам да возам точак и во слободно време уживам во цртање, crafting и вежбање. Со апликација како Challenger се надевам дека ќе станам лидер и во позитивни еко општествени промени 🙂
Како изгледа твоето секојдневие?
– По утринското будење, средување и кратко планирање на активностите, денот го започнувам со утринско возење точак до работа и доручек по возењето. На работа се обидувам секогаш да имам продуктивен ден и да ги завршам сите планирани активности. По работа ги завршувам останатите обврски и одам на тренинг. Вечерта ја поминувам дома или со пријателите.
Која е твојата животна мисија?
– Мисијата е тајна 😉
Кое е твоето примарно превозно средство?
– Велосипед
Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?
– Околу 100 км на точак.
Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?
– Секогаш активно го започнувам денот со велосипед. Нема ништо подобро од чувствување на ветерот и сонцето наутро 🙂
Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена
– Секако 🙂
Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?
– Challenge accepted