СуперХероина #18

Нашата нова СуперЕкоХероина е Јована, а ние сме горди што таа е најновиот член на нашиот тим. Прочитај ја нејзината приказна.

Претстави ни се во една реченица 

–Workaholic кој сака да придонесува за позитивни промени во општествотo 🙂

Како изгледа твоето секојдневие? 

– Станувам рано, правам To Do список за денот додека пијам кафе. Потоа одам на работа со точак. После работа знам да застанам и да пијам кафе и да одберам подолга рута за да возам точак до дома.

Која е твојата животна мисија? 

– We rise by lifting others!

Кое е твоето примарно превозно средство? 

Точак и пешки 🙂

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

– Околу 30 до 40 зависи колку сум зафатена 

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно? 

–Секогаш сакам да сум на точак, во зима ме топли и ме исполнува, и го одбегнувам метежот. Штедам на CO2 емисии, го движам телото и слушам прекул музика.

Доколку и ти си СуперЕкоХерој или СуперЕкоХероина, сподели ја твојата приказна со нас на следниот линк.