СуперХероина #17

Почнуваме повторно со серијалот на објавување на приказните на нашите СуперЕкоХерои, а нашата нова СуперЕкоХероина е Даниела. Прочитај што ни кажа таа.

Претстави ни се во една реченица 

Јас сум огромен ентузијаст за пешачењето и за мене тоа претставува комплетна лежерна физичка активност.🙂

Како изгледа твоето секојдневие? 

– На работа секој ден од 8 до 16, и тогаш пешачам – 4 километри (50 минути) од дома до работа и 4 километри (50 минути) од работа до дома. Во слободно време читам книги покрај домашните обврски, готвам и слушам музика.

Која е твојата животна мисија? 

– Да ги воспитам моите 2 деца, мотивирајќи ги со тоа што им кажувам дека замисленото е достижно само со свој личен труд, за да бидат максимално подготвени за светот кој ги чека.

Кое е твоето примарно превозно средство? 

– Моите нозе 🙂
Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед? 

Пешки – 40-50 километри, пешачам секој ден од 8-10 километри.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно? 

Физичката активност, кондицијата која ми овозможува ефикасно извршување на секојдневните обврски.

Доколку и ти си СуперЕкоХерој или СуперЕкоХероина, сподели ја твојата приказна со нас на следниот линк.