Серијал за нашите СуперЕкоХерои
Претстави ни се во една реченица
– I fall in love with every dog I see 🙂
Како изгледа твоето секојдневие?
– Денот ми започнува со 20мин медитација и чаша вода со лимон. Потоа следи шетање на кучето и спремање за работниот ден. До работа и назад одам пешки, а вечерта е резервирана за спорт, дружба и готвење со пријатели или добар филм/книга.
Која е твојата животна мисија?
– A year from now, you will wish you had started today.
.Кое е твоето примарно превозно средство?
– Низ градот најчесто се движам пешки. На тој начин знам дека сообраќајот и градската гужва на ниеден можен начин нема да влијаат на моето расположение и да ми го одземаат времето. Животот е премногу краток за да чекаме заглавени во кола на семафори 🙂
Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?
– Со пешачење неделно поминувам околу 30 километри
Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?
-Постојаната гужва во сообраќајот ме мотивира да не помислам да се качам во кола или автобус.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?
– Даа 🙂