Совети за Андроид корисниците на ChallengerДома

Драги наши,

Не ни се верува дека го исполнивме предизвикот кој си го зададовме и за само 15 дена успеавме да ја создадеме ChallengerДома. Ви благодариме што ја инсталиравте, а доколку се уште не сте го направиле тоа, направете го уште денес.

За сите Андроид корисници Ви пишуваме брзи совети за користењето на апликацијата. Се надеваме дека ќе имате супер искуство 🙂

Чекор 1: Доколку беше дел од тест верзијата на Challenger, тогаш мора прво да ја избришеш Challenger апликацијата. Во моментов, не може двете апликации истовремено да бидат инсталирани. Не се секирај поените и наградите ќе бидат зачувани кога ќе почнеме повторно да ја користиме.

Чекор 2: Спушти ја апликацијата на твојот телефон – повели линк.

Чекор 3: Направи го својот профил. Провери дали мејлот за верификација случајно ти пристигнал во spam/junk/promotions фолдерот од твојот емаил. Доколку повторно имаш проблем, логирај се преку Facebook.
Доколку не се снајдеш, пиши ни емаил на info@challenger.mk, ние ќе ти помогнеме.

Чекор 4: Избери ја локацијата каде што престојуваш и поминуваш најголем дел од своето време. Дозволено е да се избере само една локација при креирање на твојот профил.

Чекор 5: Кругот на табот ДОМА всушност ти покажува колку има до започнување и до крај на полицискиот час во дадениот ден. Ние го наградуваме секој час поминат дома, независно дали е во или надвор од полицискиот час.

Чекор 6: По првиот час дома добиваш поени. За да ти се појават поените потребно е да направиш рефреш на табот Дома, со повлекување надолу на екранот. Доколку не се појават од прва, треба да почекаш или да направиш рефреш неколку пати. Доколку ова не успее, те молиме одлогирај се и логирај се повторно.

Чекор 7: Седиш дома, собираш поени и потоа одиш во Challenger продавница да си земеш код за попуст.

Чекор 8: Откако ќе преземеш купон, истиот може да го најдеш на твојот профил, во торбичката. Откако ќе го Активираш купонот, побрзај да го запишеш бидејќи тој набрзо ќе се изгуби.

Уживај во искуството и приклучи се на фесјбук групата каде ги споделуваме најновите информации.