Искуството на нашите корисници со ChallengerДома

Полека доаѓаме при крајот на користење со ChallengerДома. Свесни дека корона ситуацијата не стивнува, но сепак соодветните инситутуции препорачуваат луѓето да се движат на дистанца со заштитна опрема, а воедно и почесто да користат велосипед наместо јавен превоз. Токму затоа сметаме дека периодов кој ни следи е вистинско време да ја лансираме Challenger, а не може да ја лансираме без да го споделиме со сите вас искуството на корисниците и како си поминавме со ChallengerДома.

На кратко стигнавме до 120+ понуди на попуст, со 100+ домашни бизниси, 3000 корисници, а најважно од се заедно ја градевме општествено одговорната заедница. Браво и Ви благодариме 💚

На нашите корисници им поставивме неколку прашања, а ова беа дел од нивните одговори.

Kaко Ви се допадна идејата позади ChallengerДома, и истата беше оценета со просечен score од 4.97/5. Баш не израдувавте 🤗

Нашиот тим го интересираше како корисниците би ја оцениле комуникацијата со нас, каде што просечниот score беше 4.87/5. Ова е поттик да се подобриме и да Ви обезбедиме единствено и уникатно корисничко искуство.

Бидејќи сме тим кој сака да добива сугестии со цел да се подобриме, едно од прашањата беше што би промениле/додале на ChallengerДома. Затоа одвоивме неколку кои нас не инспирираа, и потикнаа да ја подобриме апликацијата Challenger.

  • Можеби search опција 🙂
  • Категории за продавници за подобра прегледност
  • Уште повеќе бизниси
  • Да можат да се префрлат купоните на друг и да има поголеми попусти (секако, со повеќе поени!)
  • Можеби дел каде што се гледаат и искористените купони

Работиме на овие сугестии и овие промени ќе ги видите на Challenger :))

Опишете го искуството со ChallengerДома во една реченица. Второто омилено прашање на кое ги добивме следните одговори (овде се само неколку, а ги имаше еден тон 🙂 )

  • Супер можност да помогнеме на помалите бизниси иако се чуствуавме немоќни со нашето седење дома.
  • Супер забавен и оригинален концепт!
  • Си ги потрошив сите заштедени пари во карантинот 😛
  • Супер можност за запознавање со нови искуства кои ги нуди нашата земја
  • I saved the local economy by online shopping. 😀
  • Со иновативен пристап ни дадовте мотивација за седење дома.
  • Making the best of the worst situation

За крај добивме и пораки до нашиот тим, каде што ни рекоа: „Алал да ви е на креативноста и немој да ве “снема”. Ветуваме дека нема да не снема бидејќи за неколку недели доаѓа Challenger 😉 Некој ни кажа „Едвај чекам да бидам дел од следниот предизвик “

За крај ни препорачаа „Keep going, keep growing“, ова ќе можеме само со вас, затоа stay tuned ја лансираме Challenger во август. 💚