Една успешна заедница се гради само кога бизнисите и поединците со иста мисија соработуваат меѓусебно. Тимот на Challenger е горд што Фрешис е нашиот бизнис партнер, каде 34% од профитот одат во донации на храна за бездомни лица.Повеќе за нивната приказна дознавате од Љубомир (сопственикот) кој беше наш соговорник.
1.Freshys во една реченица
Фрешис е место со интересна и свежа храна кое се труди да ја разбуди солидарноста во нашиот град.
2. Што е тоа што Ве издвојува од другите места
Ние сме единствен ресторан со социјален бизнис модел во Македонија, преку кој донираме храна за бездомниците а овозможуваме редовни попусти за студентите и учениците.
3. Твојот омилен Freshys производ
Мој омилен производ е сендвичот со хумус и кашкавал.
4. Koи се плановите на Freshys за во иднина. Што може да очекуваме?
Во план ни е да отвориме барем уште една локација во Скопје.
5. Што би им препорачал на Челенџерите
-Би препорачал да водат активен живот и со секое дејствие да ја штитат животната средина.